За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата Kupi Online се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во Kupi Online, како и компанијата за достава се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.
Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка подршка во Kupi Online се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк банка која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.
Kupi Online.mk користи тнр. „cookies“ за да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил.
Kupi Online.mk не е наменет за лица под 18 години. Kupi Online нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Kupi Online.
Политика за заштита на лични податоци
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната Kupi Online.mk и објаснува како БЕЛА ДООЕЛ (“Kupi Online”, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.Kupi Online.mk,, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
1. Видови на податоци кои ние ги собираме
2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
3. За кои цели Kupi Online ги користи податоците
4. Кога и како Kupi Online открива податоци
5. Како Kupi Online ги собира податоците
6. Безбедност на податоците
7. Пристап и промена на Вашите податоци
8. Социјални мрежи
9. Приватност на трети страни
10. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)
11. Терминологија
12. Рок на чување на собраните податоци
13. Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци
14. Промена на политиката за приватност
____________________________________
1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
пристапувате или го користите нашиот сајт;
се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на Kupi Online.mk;
ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
контактирате со нашата корисничка поддршка
давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на нашите Бизнис Соработници;
оставате коментари на сајтот;
ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот (“Активности за Идентификација”), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Подари на пријател/Купи гифт картичка. Доколку одлучите да ја користите нашата услуга, ние ќе Ви го побараме името на Вашиот пријател и неговата е-маил адреса. Автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на Вашиот пријател со подарокот кој сте го купиле за него или покана да го посети нашиот Веб сајт. Kupi Online ќе ги зачувува овие податоци со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на купувањата за подарок. Вашиот пријател може да не контактира нас со испраќање на е-маил на conctact@Kupi Online.com.mk и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата датабаза.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети страни, Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Kupi Online ја има со вас.
(а) Промотивни е-маил пораки
Вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате неделни емаил известувања преку зачленување во “Неделен Советник” на страната Kupi Online.com/klub, прочитајте повеќе за промотивните емаил пораки на овој линк. Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “отчлени се/unsubcribe” копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инструкциите за да го комплетирате отчленувањето. Сепак, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.
(б) Колачиња и други технологии
Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата “Поставки на колачиња” која се појавува како Pop Up кога го посетувате www.Kupi Online.mk . За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.
Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу Kupi Online и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.
3. ЗА КОИ ЦЕЛИ KUPI ONLINE ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ
Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:
работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;
да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
анализа и спроведување на истражувања;
да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу Kupi Online и нашите бизнис соработници;
да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници;
да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис Соработници;
да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
да ви овозможиме да аплицирате за работно место, да постирате видео содржини или да се пријавите за специјални понуди од нашите Бизнис соработници или други трети страни преку сајтот или други програми кои ќе ги овозможиме;
4. КОГА И КАКО KUPI ONLINE ОТКРИВА ПОДАТОЦИ
Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите производи, административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за Kupi Online продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме Kupi Online продавачите и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.
5. КАКО KUPI ONLINE ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ
Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на Kupi Online.mk и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.
Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, вршите купувате купување или искористувате купони или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. За целите на регистрација на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме и емаил адреса. За целите на достава се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.
Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.
Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при вашата посета на веб страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.
Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
6. БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.
Oбработката на личните податоци се врши на локален сервер на територијата на Република С.Македонија. Со што во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци,согласно член 48 од Законот за заштита на лични податоци.
Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Managed Rijndael – Advanced Encription Strandard (AES) 2×32 битна енkрипцијa, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
7. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Профил”. Единствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на info@kupi-online.com.mk со email – адресата која сакате да се замени и новата адреса.
Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на info@kupi-online.com.mk . Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак, деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
Ние немаме никаков пристап до податоците од Вашата платежна картичка.
8. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Друштвени јавни области
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој наш модел како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Google Plus)
Kupi Online им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Ако сте најавени на Kupi Online и Социјална мрежа, кога ќе кликнете на “Поврзи се” (Connect with Facebook) ќе ги споиме Вашите профили, ако е-маил адресите се совпаѓаат. Ако е-маил адресите не се совпаѓаат, ќе имате можност да ги споите мануелно. Ако веќе сте најавени на Kupi Online, но не и најавени на некоја Социјална мрежа, кога ќе кликнете на опцијата за поврзување преку социјална мрежа ќе биде побарано да ги внесете вашите податоци за логирање на конкретната социјална мрежа.
Спротивно на тоа, ако моментално не сте регистрирани како Kupi Online корисник и сакате да се најавите преку социјална мрежа најпрво ќе биде побарано да ги внесете Вашите податоци за логирање од социјалната мрежа, а потоа ќе ви биде креиран профилот на Kupi Online со податоците од Вашиот профил на социјалната мрежа. Ве молиме подесете кои податоци сакате да ги споделите од Вашиот профил во подесувањата на социјалната мрежа каде ви е регистриран профилот. Со поврзувањето на Kupi Online преку социјална мрежа, вие се согласувате дека ни давате пермисии да имаме увид врз информациите од Вашиот профил на социјалната мрежа.
9. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.Kupi Online.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
10. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)
Kupi Online не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Kupi Online изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.
11. ТЕРМИНОЛОГИЈА
Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на Kupi Online, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.
Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.
Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
12. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.
13. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоци
право на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Симон Ендровски на следниов e-mail: simon@Kupi Online.com.mk или прочитајте ја официјалната политика на следниот линк.
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права
Политика за заштита на лични податоци
А)Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци
Б)Барање за запирање на обработката на личните податоци
В)Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на личните податоци
14. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евентуални промени.
Услови и согласност за директен маркетинг
1. Што е Неделен Советник, емаил известувања
Неделните емаил известувања се пораки кои секој ден ги добивате во вашето поштенско сандаче и ве информираат за сите нови зделки и понуди на Kupi Online.mk. Неделните емаил известувања ги добивате доколку се зачлените на нашата листа за неделните известувања.
2. Цел на неделните емаил известувања
Целта на емаил известувањата е да добивате дневна информација во вашето емаил сандаче за сите најнови промоции, производи и услуги на www.белла.mk, лесно да ги најдете пондуите кои ги барате и да останете информирани за сите новости.
3. Прифаќање или одбивање за добивање на дневни емаил известувања
За регистрација имате опција да се пријавите за Неделен Советник на страната Kupi Online.mk/klub. При што мора да гo селектрирате полето „Да, би сакал/а да добивам новости од Kupi Online, имам 18 или повеќе години.”. Со штиклирање на истото вие давате согласност да добивате дневни емаил известувања за новите објавени понуди на www.Kupi Online.mk.
4. Како се користи вашата емаил адреса
Емаил адресата со која ќе се зачлените ќе стане дел од меилинг листата за дневни известувања. Единстевн начин на кој ќе се користи податокот за емаил адресата е испраќање на емаил известувања за промоции и новости.
5. Право на отчленување од листата на неделни известувања и бришење на емаил адресата
Секој корисник има право да ја даде или да ја повлече согласноста за Директен маркетинг, во било кое време.
Отчленувањето од емаил известувањата е многу едноставно.
На секој емаил кој го добивате во долниот денес агол им копче Отчлени се/Unsubscribe.
Го кликате и одбирате дека повеќе не сакате да добивате неделни известувања и одбирате Зачувај. Со тоа повеќе нема да добивате промотивни известувања од Kupi Online.
Доколку сакате вашата емаил адреса да биде целосно избришана пишувате емаил до info@kupi-online.com.mk со цел целосно бришење на истата.
ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА
Што е политика за колачиња
Кога ке дојдете на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, Kupi Online и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во Kupi Online.mk (БЕЛА ДООЕЛ, Скопје) на нашите веб страни и други онлајн и мобилни апликации.
Ги користиме овие технологии за да ги администрираме нашите страни, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на било која страна на Kupi Online.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. На известувањето има копче “Поставки за колачиња„ со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета ќе бидат зачувани. Кај секој тип на колачиња е наведено објаснување за истите а детално обаснување за типовите на колчиња можете да прочитате во продолжение на оваа политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот храд диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.
Колачињата кои што се директно поставени од сајтот (Kupi Online) се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на Kupi Online и Kupi Online нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени.
Зошто се користат колачињата?
Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.
Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници се со цел за оптимизирање на вашето искуство на Kupi Online.
Колачиња што ние ги користиме:
Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.
Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации. Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за поединечниот корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, Kupi Online нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ги прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност. Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон Kupi Online. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт. Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашиот сајт, а исто така може да се користат во маркетиншки цели. Колачињата кои што се поставени од Kupi Online се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и Kupi Online нема никаква одговорност спрема користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност.
Како да ги контролирам колачињата?
Кога прв пат ќе ја пристапите било која страна на Kupi Online.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.
На известувањето има копче “Поставки за колачиња„ со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета на www.grоuper.mk ќе бидат зачувани. Поточно може да одберете кои од претпочитаните колачиња кои не се задолжителни ќе бидат зачувани.
Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.
Проследете ги линковите подолу за корисни информации околу колачињата кај популарните пребарувачи:
Microsoft Internet Explorer:
https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies
Google Chrome:
https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en
Mozilla Firefox:
https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences
Apple Safari:
https://support.apple.com/kb/PH21411?locale=en_US
Дали добивам колачиња преку е-маил?
Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник, односно два корисници со добиена иста порака имаат свои посебни и уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред.
Пиксел за следење (Web Beacon)
Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixcel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето.
Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга веб страна, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Facebook или веб-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт.
Генерални информации
Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на Kupi Online која што објаснува што Kupi Online прави со собраните информации од нашите корисници. За повеќе иформации посетете ја Политиката за приватност. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги полтиките за информираност при евенутални промени.
Ви благодариме што ја користите нашата платформа и Ви честитаме на одлуката да бидете клиент на Kupi Online.